Денеска стартува меѓународниот турнир во Струга, кој е единствен во светот со традиција од 50 години. И оваа година квалитетот ќе биде на врвно ниво, по вкусот на ракометните „гурмани“.
Во Струга на дело ќе ги видиме македонските екипи кои направи промени во своите состави. На прво место е бранител на трофејот е Вардар, кој ќе настапи во едно поинакво светло, со голем број на македонски репрезентативци и скромен број на странски имиња.
Струга ќе биде и прво издание на Кирил Лазаров како тренер на еден тим. Актуелниот македонски селектор во новата сезона ќе го предводи Алкалоид. На теренот во Струга ќе истрча и новиот Пелистер, кој откако минатата сезона не успеа да се закити со ниту еден трофеј, оваа се очекува да стори многу повеќе.
Првиот ден ќе го отворат Струга и Пелистер, дуелот е закажан со почеток во 17 часот, веднаш по нив Вардар ќе се сретне со Алкалоид (19 часот), додека пак последни на распоредот се Бутел и Целје.