Стоилов му се пушти на Лазаревски на тајм-аут (ВИДЕО)

16380

Во овој момент во Струга се игра втората средба на меѓународниот турнир. Младиот тим на Алкалоид добро се држи против Вардар 1961, на полувреме има негатива од 12-10.

Актуелниот македонски првак водеше со 10-5 во 16 минута, но противникот брзо се врати во игра. Владо Недановски повика тајм-аут, прво тој го искара Карапалевски, а потоа Стоилов му се пушти на Лазаревски.

Столе се обиде да го корегира, а младиот пикер му врати. Ова беше доволно за да капитенот му го покаже местото и воедно да го потсети за хиерархијата во Вардар.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Гуџуфи потпиша профи-договор со Бешикташ!
СледноЕрдон Даци по операцијата испрати силна порака