Топката леташе кон него, Пелегрини ги импресионираше навивачите (ВИДЕО)

348

Мануел Пелегрини, тренерот на шпански Бетис, ја воодушеви публиката со својот потег на натпреварот против Елче. Додека неговиот тим водеше со 2:0, Пелегрини импресионираше со потегот покрај аут-линијата. Имено, во 55. минута кон него долета висока топка, која одлично ја смири, на општо воодушевување на публиката на трибините. Натпреварот заврши со победа на Бетис со 3:0.

Искусниот Пелегрини целата играчка кариера ја мина во својата татковина, настапувајќи за Универзидад де Чиле. Како тренер смени неколку јужноамерикански клубови, Чиле, Аргентина и Еквадор, а потоа во 2004 година го презеде шпански Виљареал. Година и пол беше тренер на Реал Мадрид, но најголема популарност стекна во Манчестер Сити со кој ја освои шампионската титула на Англија. Тој го водеше својот стоти натпревар на клупата на Бетис во понеделникот вечерта.

Претходно„ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ”- нова наградна игра на 2WIN.MK
СледноРадовиќ: Очекувам машка борба во Струга!