Данскиот фудбалер Јоаким Андерсен решил да ги пријави во полиција бројните смртни закани кои ги добива веќе втор ден преку социјалните мрежи откако тој учествуваше во инцидентот по кој домашниот играч Дарвин Нуњез беше исклучен, бидејќи го удира со глава.
Андерсен во истиот инцидент заработи жолт картон, бидејќи одзади го турна Уругваецот, кој потоа се сврте и со челото го удри во брадата данскиот стопер, кој веднаш се струполи на тревникот. Судијата Пол Тиерни без двоумење му го покажа патот до соблекувалната на Нуњез.
Во вторникот Данецот во објава на Инстаграм напиша дека претходната вечер добил меѓу 300 и 400 заканувачки пораки.
„Разбирам дека го поддржувате својот тим, но имајте почит и престанете да се заканувате на интернет“, напиша Данецот, а како доказ објави дел од пораките што ги добил.
„Јас… Ќе те убијам. Тебе и твоето семејство. Е…. ќе се видиме утре. Се гледаме 😉 Ќе умреш“, напишал еден од корисниците.
„Се надевам дека ќе имаш долг живот полн со болка, и ти и твоето семејство“, напишал друг корисник.