Црна Гора не преслуша со +36 на контролниот меч во Бар

355

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија убедливо е поразена на вечерашниот пријателски натпревар во Бар од селецијата на Црна Гора со 89:53. Избраниците на новиот селектор Александар Јончевски очигледно не беа достоен ривал за Црногорците кои на крајот го добија мечот со 36 кошеви разлика.

Мечов беше од затворен тип и беше искористен за да се проверат моменталните сили и на двете репрезентации. За Македонија ова е единствениот тест пред двете пресметки во претквалификациите за ЕП 2025 кои ги играме на 25 и 28 август против Данска и Словачка.

ПретходноКадетите поразени и од Турција, Македонија ќе се бори за опстанок!
СледноФудбалерот поради кој Нуњез доби црвен картон ги пријави заканите во полиција