Шкупи сака групи, Ајдин Олгун заслужи историја

1983

Два дуели со косовскиот првак Балкани и 180 минути до историски подвиг. Толку е блиску или далеку екипата на Шкупи од историски подвиг, од пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Иако “чаирчани“ требаше да се борат за нешто поголемо и поквалитетно сепак и ова не е лошо. Џек-потот наречен Линколн и тимот од Гибралтар сеуште го држи Шкупи во европски ритам. Динамо Загреб беше неуспешна но позитивна епизода додека „шамарот“ од Шамрок не смееше да се случи.

Сепак има место за оптимизам, за надеж дека Шкупи ќе успее цела есен да игра во Европа, да ја наполни касата да ги израдува навивачите. Сепак најголема заслуга за убавите моменти на Чаир ја има турскиот спонзор и инвеститор Ајдин Олгун. Тој е главната алка и човекот кој има перфектен избор на странски фудбалери кои се темел на првакот на Македонија. Сандеј, Цепас, Данфа во нападот, Алварез, Кувен и Хамиди во средниот ред. Тоа е главната ударна сила на „гулабите“ и состав направен од Ајдун Олгун. Човекот се надева на историја и подвог на неговиот тим но и враќање на барем дел од инвестицијата во Шкупи.

Шкупи има добар буџет, добри странци и сеите услови за работа од луксузни подготовки до идеални контрилни средби. Турчинот ја има сериозно сфатено работата, го има тандемот Омер Буњаку и Емир Шабани кои се неговата десна рака во Скопје. Но и покрај неколкуте идеални работи имаше мали пропусти во организацијата на првото патување во Гибралтар но кое донесе пак позитивен скор. Има и лош избор на домашни засилувања и некои потези кои донесоа со пораз од Шамрок.

Балкани не е за потценување и треба сериозно да се сфати а во Шкупи да се наместат сите „коцки“ како треба за да се стигне до посакуваната цел. Секој нов експеримент или ситен интерес може да биде фателен. Треба да се отворат очлите и да се влезе сериозно во престојниот дуел. Шкупи првиот меч со Балкани го игра во четврток на националната арена во Скопје со почеток од 21 часот.

Шкупи е голен фаворит на дуелите со Балкани, а претседател како Олгун посакува секој клуб во регионов.

ПретходноКадетите против Турција само ќе одлучат за какво место ќе се борат на ЕП (ЛИНК)
СледноПелистер со победа над Струга го отвори Струшкиот ракометен турнир