Секако дека како што и доликува на една така голема федерација како РФМ, по еден таков успех на нашите млади репрезентативци, првиот човек на РФМ Живко Мукаетов приреди свечен прием на сите во нашата репрезентација.
Тој не криеше дека е воодушен од успехот и дека пред се е горд на младите репрезентативци на Македонија.
Ги поздрави со пригодни зборови, а покрај другото истакна:
„Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македонија во елитата. Вам ви претстои светла иднина, но многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум ви благодарен“ посочи Мукаетов и продолжи…
“Ние сме тука за вас да работиме како федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме како досега. РФМ ќе побара од УО ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари. Уште еднаш ви благодарам и ви посакувам уште многу вакви резултати и успеси“.