Данил Медведев е тенисерот кој досега беше најзадоволен од тоа што Новак Ѓоковиќ ги пропушти турнирите поради пандемијата на корона вирусот. Русинот стана прв во светот, а сега можеше да го избегне Србинот на уште еден Гренд слем.
Се уште не се знае дали американските власти ќе ги променат правилата и ќе му дозволат на Новак да влезе во земјава за да игра на УС Опен, а Медведев сега проговори за целата ситуација и рече дека би сакал да го види Ѓоковиќ на турнирот.
„Не можам ништо да направам, владата е таа што ги поставува правилата. Не знам дали може или не може навистина да се смени. Ако ме прашате мене, секако дека би сакал да игра. Ми се допаѓа кога најдобрите тенисери се на турнирот“, јасен беше Медведев.
Тој истакна дека сите се заинтересирани за дербито меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал за бројот на освоени Гренд слемови, но очигледно нема да жали премногу за Србинот. Пред се сака да ја одбрани титулата која ја освои минатата сезона.
„Тој штотуку го освои Гренд слем, неговата трка со Рафаел Надал е неверојатно интересна, па би сакал да го видам во Њујорк. Но, ако не може да дојде поради правилата на владата, сите ќе обидете се да дадеме се од себе и да победиме на УС Опен“, рече тој.