Дарко Чурлинов од Штутгарт треба да се пресели во Барнли откако англискиот и германскиот клуб се договорија околу отштетата и условите за трансферот. Офанзивниот фудбалер досега требаше да го реализира трансферот, но се уште не е потврден.
Македонскиот фудбалер не ги направил лекарските прегледи за да може да стави потпис на договорот. Според весникот „ZVW News“ Чурлинов требало да ги направи прегледите во понеделникот, но тоа не се случило поради проблеми со визата. Тоа е причината поради која македонскиот репрезентативец не може да отпатува во Англија, барем не веднаш туку ќе мора да чека.
Од весникот пишуваат дека најверојатно ќе се оди на друга варијанта, Чурлинов да ги направи лекарските прегледи во Париз на 18 август и таму да го потпише договорот, а потоа да се аплицира за добивање на виза и да се чека истата.
Барнли ќе плати за Дарко 3,5 милиони евра, сума која може да достигне до пет милиони со бонуси.