Некогаш еден од најдобрите фудбалери во Англија и огромен потенцијал на тимот на Тотенхем, Деле Али сега на само 26. години е веќе вишок во Евертон кој се обидува да се ослободи од него и да го испрати во Турција, во тимот на Бешикташ.
Турците секогаш се отворени за супер звезди од типот на Деле Али, кој не ги исполни очекувањата од јавноста, и не го исполни потенцијалот кој несомнено го имаше па сега со само 26. е на пат за Турција.
Двата клуба се веќе договорени околу условите за преселба на напаѓачот но конечниот збор сепак треба да го каже Деле Али. Дали навистина сака да се пресели во Турција, и дефинитивно да отпочне нова страница од неговата кариера, или пак ќе чека некој од во моментов ектуелните Премиер лигашот да се смилува и да го прибере кај себе.