„Ле Паризиен“: Серхио Рамос ги смирувал Нејмар и Мбапе

266

Серхио Рамос се поставил во улога на медијатор за да се реши конфликтот меѓу Килијан Мбапе и Нејмар кој беше на повидок да направи нов раздор во редовите на францускиот шампион.

Бразилецот по мечот со Монпеље (5:2) изрази незадоволство поради тоа што Французинот стана редовен изведувач на пенали на клубот. Дополнително, во медиумите се појави и информација дека Мбапе побарал од ПСЖ да го продаде Нејмар.

Претходно се дозна дека инцидентот се појавил веднаш по средбата, па морал да интервенира и директорот на парискиот клуб Луис Кампос.

Во исто време, искусниот дефанзивец Серхио Рамос се појавил како посредник меѓу учесниците во конфликтот и сериозно се заложил за смирување на топката во соблекувалната на парискиот гигант. Според „Ле Паризиен“, 36-годишниот ветеран помогнал да се реши проблемот и барем засега Мбапе и Нејмар си подале рака.

ПретходноМарсел Џејкобс е најбрзиот Европеец на 100 метри
СледноТео Симиќ од Барселона се пресели во Игокеа, па испратен на позајмица во Борац БЛ