Вечерва се одиграа три натпревари од плеј-офот за влез во групите на Лигата на шампионите. Карабах од Азербејџан и Викторија Плзен од Чешка одиграа без голови. Украински Динамо Киев е поразен од Бенфика со 0:2. Мечот се одигра во Лоѓ од веќе добро познати причини, а за португалскиот тим стрелаа Жилберто и Рамос во првото полувреме. Следува реванш на кој „орлите“ од Лисабон се големи фаворити на свој терен.
А српскиот шампион Црвена Звезда ќе брка негатива против Макаби Хаифа. Вечерва на првиот меч во Хаифа домашниот Макаби победи со 3:2 иако по првото полувреме имаше преднос од 1:0, па губеше со 1:2.
Поведе Макаби со гол на Френдзи Пиеро, а Звезда направи пресврт со головите на Александар Пешиќ и на Канга.
Во второто полувреме Пиеро изедначи, а во 61. минута Чери го доведе Макаби во предност од 3:2, а тој резултат остана и до крајот на мечот благодарение на голманот Милан Борјан кој неколку пати ја сочува својата мрежа.