Екипата на ППД Загреб е вториот патник на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига после Веспрем. Хрватскиот тим во четвртфиналето ја совлада Војводина по голема драма со 23-24 во дебито на екс-вардарецот Тимур Дибиров. ППД Загреб го имаше мечот, но во самиот финиш Војводина се врати, Срна во последните секунди погоди за победа.
Во својот прв настап, Дибиров беше меѓу најдобрите во редовите на „плинарите“, зад своето име запиша четири гола од шест обиди. Прв стрелец беше Иван Чупиќ со шест гола, еден помалку имаше херојот Срна.
Во првото полувреме ППД Загреб водеше со 12-16, но противникот притисна во вториот дел, па победникот мораше да се решава во последната секунда.