Во Љубљана пријателски натпревар одиграа кошаркарските репрезентации на Словенија и на Србија. Тоа воедно е спектакл со оглед на составите со кои располагаа двете екипи, од едната страна Лука Дончиќ од друга страна Никола Јокиќ, големите ѕвезди на европската кошарка и ѕвезди во НБА лигата.
Словенија победи со 97:91 после голема драма на паркетот и продолжение. Во регуларниот дел резултатот беше 86:86. Во продолженијата Србија имаше предност од 91:89 во последната минута, потоа и два отворени шутеви на Вања Маринковиќ кој не ги погоди, па Словенците на крајот го добија мечот.
Убедливо најефикасен играч на мечот беше Лука Дончиќ со 34 поени, 9 асистенции и 6 скокови, а Препелиќ и Тоби постигнаа по 16 поени. Кај Србите најефикасен беше Никола Јокиќ со 26 поени, 12 скокови и 6 асистенции, Мициќ постигна 17 поени, Калиниќ 12…
На мечот покрај аут линијата седеше и српскиот и светски тениски ас Новак Ѓоковиќ кој беше вистинска атракција во полната арена „Стожице“.
За Словенија играа: Г.Драгиќ, Николиќ, Препелиќ, Муроќ, Тоби, Блажиќ, Хроват, Димец, З.Драгиќ, Чанчар, Чебашек, Дончиќ
За Србија: Петрушев, Давидовац, Маринковиќ, Калиниќ, Лучиќ, Добриќ, Јокиќ, Недовиќ, Куриџа, Мициќ и Јарамаз.