Дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана ќе биде ново засилување за Челзи. Според инсајдерот Фабрицио Романо фудбалерот се договорил за личните услови од договорот со лондонскиот клуб.
„Сините“ во блиска иднина ќе дадат нова понуда за дефанзивецот, која сметаат дека ќе биде прифатена. Лестер на 6 август ја одби првата понуда на Челзи за Фофана во износ од 75 милиони евра.
Фофана му се приклучи на Лестер Сити од Сент Етјен во октомври 2020 година.