Адеми со 350 настапи за Динамо

202

Аријан Адеми е од непроценливо значење за тимот на Динамо Загреб, а во исто време и за фудбалската репрезентација на Македонија. Адеми во моментов го игра фудбалот на својата кариера, која во голема мера мина во дресот на „Модрите“. Тој пристигна во Загреб како многу млад и сплетот на околности доведе до тоа да тој сеуште си нема заминато од Максимир. Како стојат работите во моментов Динамо веројатно никогаш нема да го пушти да си замине капитенот кој е движечка сила на терен, а непокорен авторитет во соблекувалната.

Па како таков, Аријан Адеми вчера против тимот на норвешки  Бодо, во рамките од плеј офот за Лигата на Шампионите, на гостински терен го одигра 350 официјален меч за Динамо Загреб. Фантастична бројка која што во годините кои престојат само ќе се зголемува, а со оглед на силата и капацитетот на клубот, истата ќе биде надополнета со уште многу трофеји и титули.

Адеми досега со Динамо има освоено 21. трофеј во 12. години престој во клубот. Секоја чест.

ПретходноПолувреме во Струга: Кирил Лазаров и Тоскиќ добија црвен картон!
СледноАлкалоид во најмала рака испушти реми против Целје