Вардар се враќа на Арената

3225

Како што дознава Спортмедиа, тимот на Вардар на стартот на новата сезона во ВМФЛ шампионатот, планира да се врати на нашиот најголем стадион и домашните мечеви да ги игра на Арената Тодор Проески.

Нашиот најтрофеен клуб и сезонава ќе биде дел од второлигашката конлуренција, но барем во еден елемент очигледно ќе сака да заличи на она што навистина мора да е. Најдоброто во Македонија. Па како таков, ќе заигра на нашиот најголем стадион Арената Тодор Проески инаку по природа домот на Вардар.

Барем вакви се најавите, кои би требало да се остварат, иако Вардар изминатиот период сите свои активности ги обавуваше на стадионот Борис Трајковски во Маџари.

За потсетување, Вардар следниот викенд стартува на гостински терен кај Арсими, а потоа доаѓа дома и го пречекува Охрид.

 

ПретходноСкандал и апсење поради „олимписка“ корупција во Јапонија
СледноПровокација или ненамерна грешка, Хајдуц или Хајдук?