Вардар 1961 лесно со Бутел, победа го дели од финалето во Струга!

224

Вардар 1961 ја запиша втората победа на меѓународниот турнир во Струга и се најде на чекор до финалето. Актуелниот бранител на трофејот за разлика од вчерашниот меч против Алкалоид, вечерва славеше многу лесно против Бутел Скопје со 32-20.

Ќосевски запиша седум погодоци, Манасков, Талески и Моралес имаа по пет гола кај победникот, на другата страна Мајиќ имаше седум гола.

Ракометарите на Вардар мечот го решија после едно полувреме, поведоа со 18-8. Бутел само на почетокот беше рамноправен противник, македонскиот првак го наметна своето темпо, брзо „набилда“ позитива, па до крајот без проблем ја одржуваше.

Екипата на Вардар утре ќе има шанса да го завери местото во финале, дуелот со Целје е закажан со почеток во 21:15 часот.

Пред овој меч, Татран Прешов го совлада АЕК со 25-21.

ПретходноВернер: Во Челзи не ужував во фудбалот
СледноСпектакуларна кошарка во Љубљана: Дончиќ против Јокиќ, Ѓоковиќ специјален гостин