Во новата сезона, Е.Пелистер ќе настапи со голем број нови имиња. Едно од нив е Денис Васиљев, сандарден репрезентативец на Русија и кружен напаѓач. Има искуство, тој е освојувач на три руски првенства и три национални Купа со Чеховски медведи освојувач на шампионатот на Украина со Мотор.
„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола.
Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“, изјави Денис Васиљев.