Германскиот напаѓач Тимо Вернер се врати во РБ Лајпциг после лошата авантура во Челзи. Тој даде гол за Лајпциг по враќањето во клубот, а тој призна дека во Челзи доста се мачел па дури и ја загубил желбата за фудбал. Тој имаше лош период на „Стемфорд Бриџ“ често се мачеше со формата, а тешко му одеше и постигнувањето на голови.
„За мене на прво место е уживањето во фудбалот. Во Челзи не уживав и покрај успесите кои ги имаше клубот. Причина – не играв редовно“, изјави Вернер.
„Мислам дека системот на Томас Тухел не ми одговараше добро. Затоа сфатив дека морам да направам нешто. Сега сум на возраст кога морам да играм на секој натпревар. Челзи секогаш ќе биде посебен клуб за мене, постигнавме многу заедно. И понатаму сум во контакт со многу од играчите“, додаде германскиот репрезентативец.