Кадетите против Данска – битка која мора да се добие (ЛИНК)

168

По поразот од Црна Гора во рамките на Европското првенство „А“ Дивизија кое се одржува во Скопје, македонската кадетска репрезентација денеска (18:45 часот) во СЦ „Кале“ ќе ги одмери силите со Данска. Ова е натпревар за опстанок во елитното друштво, со победа „црвено-жолтите“ ќе завршат работа уште денеска, спротивно сценарио може да ги чини „Б“ Дивизија.

Од претходните мечеви кои ги играле кошаркарите на Данска, може да се заклучи дека станува збор за противник на ниво, па и послаб од селекцијата на Црна Гора, тим против кого Македонија ја запиша единствената победа во досегашниот дел од шампионатот.

Нашите кошаркари покажаа добри моменти, барем на првиот меч, мотивот и натаму постои, па време е да дојдат до вториот триумф за опастанок во елитата.

Мечот можете да го гледате на линкот во продолжение.

ПретходноВасиљев: Ми се допадна идејата да дојдам во Битола!
СледноППД Загреб по голема драма завери билет за Ф4 во дебито на Дибиров