Елон Маск објави дека го купува Манчестер Ј. и предизвика бура на Твитер

187

Милијардерот Елон Маск, кој моментално важи за најбогатиот човек на планетата, на Твитер се пошегува дека го купува Манчестер Јунајтед.

Откако објави дека сака да го купи клубот, неговиот „твит“ доби над 200.000 лајкови и повеќе од 36.000 споделувања.

Сепак, откако објавата стана вирална па почна да се пренесува и низ медиумите, тој мораше да објасни дека станува збор само за шега.

„Не, ова е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купам ниту еден спортски клуб“, напиша основачот на Тесла.

Манчестер Јунајтед е во сопственост на семејството Глејзер од 2005 година.

ПретходноКосовците пред доаѓањето во Скопје: Имаме само една цел, пласман во групната фаза!
СледноДимитриевски во „Тимот на колото“ од ТОП 5 лигите во Европа!