Захов за мечот со Скопје: Шкендија е фаворит, но тоа треба да се докаже на теренот!

208
Processed with VSCO with m5 preset

Шкендија во неделата, на својот прв меч во новата сезона, направи кикс. Дома, во Струга, одигра само 1:1 со Силекс и тоа прими гол во последните минути од средбата. Веќе денеска тетовци, исто во Струга, ќе имаат можност за поправен. Имено во меч од 1.коло во ПМФЛ, оној заостанатиот, го дочекуваат составот на Скопје.

Нема дилеми, се знае кој е фаворит, но исто така се знае дека Шкендија ако сака да дојде до првата сезонска победа ќе треба да одигра квалитетно.

За тоа што може да се очекува од овој натпревар, свој коментар има голманот на тетовци Костадин Захов.

Без разлика што не играме во Тетово, туку во Струга, Шкендија ја има улогата на фаворит и од нејзе не може да побегне. Сепак фаворитската улога треба да се докаже на теренот и јас верувам дека тоа ќе го сториме на денешниот меч против Скопје. Факт е дека се чувствува замор во екипата по напорниот распоред по европските натпревари, но тоа не треба да биде пречка да забележиме првата победа сезонава“ изјави Захов.

ПретходноСедлоски: Балкани е силен, но ние игравме против екстра противници и покажавме што можеме
СледноГуџуфи му донесе на Вардар 125.000 евра