Косовците пред доаѓањето во Скопје: Имаме само една цел, пласман во групната фаза!

390

Косовскиот шампион Балкани излезе со објава на Фејсбук во пресрет на првиот меч со Шкупи во рамките на плеј-офот во Конференциската лига. Косовците потенцираат дека новната главна цел на двомечот со македонскиот првак е пласманот во групите од ова трето по ранг УЕФА натпреварување.

„Почитувани навивачи. Нашиот тим ќе го одигра ПЛЕЈ-ОФ натпреварот против ФК Шкупи на 18 август во 21:00 часот на АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ-Скопје. Единствена цел е победа и пласман во групната фаза!!“, напишаа тие во објавата на Фејсбук.

ПретходноМилан купува дефанзивец од Ајнтрахт (Ф)
СледноЕлон Маск објави дека го купува Манчестер Ј. и предизвика бура на Твитер