Серхио Рамос се поставил во улога на медијатор за да се реши конфликтот меѓу Килијан Мбапе и Нејмар кој беше на повидок да направи нов раздор во редовите на францускиот шампион.
Бразилецот по мечот со Монпеље (5:2) изрази незадоволство поради тоа што Французинот стана редовен изведувач на пенали на клубот. Дополнително, во медиумите се појави и информација дека Мбапе побарал од ПСЖ да го продаде Нејмар.
Претходно се дозна дека инцидентот се појавил веднаш по средбата, па морал да интервенира и директорот на парискиот клуб Луис Кампос.
Во исто време, искусниот дефанзивец Серхио Рамос се појавил како посредник меѓу учесниците во конфликтот и сериозно се заложил за смирување на топката во соблекувалната на парискиот гигант. Според „Ле Паризиен“, 36-годишниот ветеран помогнал да се реши проблемот и барем засега Мбапе и Нејмар си подале рака.