Олимпискиот шампион Марсел Џејкобс ја потврди својата континентална доминација на 100 метри и успеа во сезоната која му беше уништена од повреди, сепак, да го освои златото на 100 метри на Европското првенство во Минхен.
Џејкобс, кој беше светски шампион на 60 метри во сала во Белград во март, но се повлече пред полуфиналето на 100 метри на светскиот шампионат минатиот месец во Орегон, постигна рекордно време 9,95 секунди, што е израмнувањ ена рекордот на европските првенства.
Бранителот на титулата Жарнел Хјуз го освои среброто со време 9,99 секунди, додека Џеремаја Азу остана со бронзата на своите гради.
„Ова беше тешка сезона со проблеми, со повреди. Ногата не ми е добра и не сум среќен како течеше трката технички, имаше некои проблеми. Но, јас сум пресреќен со златниот медал. По олимпиското злато, сега го добив европското злато. Мора да го освојам и златото од светското првенство“, порача Италијанецот.