Милан купува дефанзивец од Ајнтрахт (Ф)

158

Италијанскиот шампион Милан е фокусиран на трансферот на Еван Ндика од Ајнтрахт Франкфурт и според информација на добро информираниот германски тв-портал „Спорт 1“, „росонерите“ се подготвени да понудат 15 милиони евра за францускиот дефанзивец. За намерата го известиле дури и германскиот клуб.

Сепак, агентот на играчот засега вели дека се далеку од постигнување договор. Договорот на Ндика со Ајнтрахт (Ф) истекува во јуни 2023 година, а со недели во италијанските и германските медиуми се шпекулира дека цената на дефанзивецот токму поради овие околности е меѓу 12 и 15 милиони евра.

Односите меѓу „росонерите“ и „орлите“ се прилично добри во последните години, затоа што досега веќе се реализираа зделките за Анте Ребиќ, Јенс Петер Хауге и Андре Силва.

ПретходноЦелје убедливо против Бутел Скопје
СледноКосовците пред доаѓањето во Скопје: Имаме само една цел, пласман во групната фаза!