Нуњес им се извини на „црвените“: Направив глупост, нема да се повтори!

95

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњес го прекрши молкот и призна дека направил грешка поради која доби црвен картон на „Енфилд“ на мечот против Кристал Палас (1:1). Тој исто така вети дека ваквото однесување нема да се повтори.

„Свесен сум за лошата реакција што ја имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори“, напиша Нуњес на Твитер.

Набргу потоа, уругвајскиот интернационалец објави и фотографија на која го напушта теренот со наведната глава по црвениот картон. „Им се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам“, додаде тој како коментар.

Поради неговиот црвен картон, новото засилување на „црвените“ ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во понеделник.

ПретходноДимитриевски во „Тимот на колото“ од ТОП 5 лигите во Европа!
СледноРоналдо ги обвини медиумите: Лажат, од 100 вести само 5 им се вистинити