Полувреме во Струга: Кирил Лазаров и Тоскиќ добија црвен картон!

2852

Алкалоид и Целје до крајот на дуелот во Струга ќе бидат без главните тренери на клупата. Кирил Лазаров, предводникот на македонскиот тим и екс-вардарецот, Алем Тоскиќ заработија црвени картони пред крајот на првото полувреме.

Тоскиќ во текот на целиот меч се обидуваше да биде „главен“ судија, постојано провоцираше, на другата страна на Лазаров му прекипе, не дозволи да се однесува како „паша“ на теренот. На крајот и двајцата заработија црвен картон и беа испратени на трибините.

Инаку на полувреме е 15-15. Ова е прв меч од вториот ден на меѓународниот турнир.

ПретходноППД Загреб по голема драма завери билет за Ф4 во дебито на Дибиров
СледноАдеми со 350 настапи за Динамо