И покрај фактот што играчот за врска воопшто не добива шанса кај Карло Анчелоти, и е замена за неприкосновениот Лука Модриќ, сепак, Реал Мадрид нема да дозволи нова позајмица за Дани Себаљос туку планира да го задржи во текот на целата сезона.
Тој веќе заминуваше привремено од Сантијаго Бернабе, на позајмица во Арсенал, а сезонава доби по неколку минути и во суперкупот против Ајнтахт, и против Алмерија во Ла Лига.
Минатата сезона тој одигра нецели 400 минути на 18 мечеви за Реал.