Кристијано Роналдо ги обвини медиумите дека лажат за се што пишуваат за него во последните месеци.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед прокоментира објава за трансфер шпекулации на еден навивачки профил.
„Тие ќе ја знаат вистината кога ќе направам интервју за неколку недели. Медиумите лажат. Од 100 вести што ги напишале во изминатите неколку месеци, само 5 биле вистинити. Замислете како навистина стојат работите“, напиша Роналдо.
Во последните денови се посилно се зборува дека Манчестер Ј. е подготвен да ја заврши соработката со Португалецот, па дури и на штета на клубот со раскинување на неговиот договор.