Поранешниот член на управниот одбор на Олимписките игри во Токио, и три личности од компанијата за текстил која што била спонзор на игрите во 2021 година се уапсени поради сомнеж за примање мито.
Првоосомничениот е Харујуки Такахаши бившиот извршен директор на маркетиншлата агенција „Дентсу“, кој според обвинителството, зел пари од екс директорот на „Аоки Холдинг“ компанијата и двајца вработени во истата. Оваа компанија која произведува костими машка, и женска верзија, пред се деловна линија, изненадувачки беше избрана како спонзор на репрезентацијата на Јапонија. И тоа во момент, кога останаттие репрезентации за спонзор ги земаа најголемите светски модни брендови.
На оваа тема, долго време имаше шпекулации, но апсењата сепак доаѓаат како шок. Особено што Јапонија има уште една кандидатура пред себе а тоа е онаа на Сапоро, за зимските олимписки игри во 2030 година.
foto EPA