Блик: Јунајтед го сака Зомер за резервен голман

116

Во моментов голманот на тимот на тимот на Борусија Менхенгладбах, интернационалецот од Швајцарија, Јан Зомер е сериозна опција да пристигне на Олд Трафорд и во тимот на Манчестер Јунајтед да ја има улогата на резервен голман.

И покрај периодично лошите настапи на Давид Де Геа тој сеуште е сметан за неприкосновен чувар на мрежата во Јунајтед. Сепак, откако Дин Хендерсон се пресели во Нотингем Форест, прва резерва за Де Геа е 36. годишниот Том Хитон, кој реално и не може да биде сметан за реална голманска опција во Премиер лигата доколку се случи некаква повреда и пауза на Де Геа. 

 

ПретходноРеал ќе го задржи Дани Себаљос
СледноВулверхемптон го носи Нуњес од Спортинг Лисабон