Грегориј Јакимовски се сели во Италија во дресот на Орзинуови Бреша

261

Уште еден македонски кошаркарски талент има нов клуб. Младиот 17-годишен Грегориј Јакимовски е нов играч на италијанскиот клуб Орзинуови од Бреша.

Младиот Јакимовски кој е брат на нашиот Андреј Јакимовски кој настапува во НЦАА лигата, следната сезона ќе настапува во италијанската втора лига (Серија Б), каде настапува екипата на Орзинуови.

Инаку досега Јакимовски ги бранеше боите на нашата репрезентација до 16 години, а се најде и на поширокиот список на националната селекција до 18 години.

ПретходноЧелзи испраќа финална понуда за Весли Фофана
Следно„Тајмс“: Атлетико (М) го нуди Мората или Гризман за Кристијано Роналдо