Димитриевски во „Тимот на колото“ од ТОП 5 лигите во Европа!

172

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, по фантастичниот настап на дербито со Барселона на стартот на новата сезона во Ла Лига, сосема заслужено се најде во изборите на најдобрите за 1. коло.

Освен во Шпанија, Столе се најде во изборот и за „Тимот на колото“ во ТОП 5 лигите во Европа, како голман со најдобри оценки.

Порталот „365Scores“ во објавата на „Тимот на колото“ во петте најсилни европски лиги го стави Столе на голманската позиција и со тоа му оддаде признание за блескавата вечер на „Камп Ноу“.

ПретходноЕлон Маск објави дека го купува Манчестер Ј. и предизвика бура на Твитер
СледноНуњес им се извини на „црвените“: Направив глупост, нема да се повтори!