Охридскиот маратон нема да се одржи – поради блокирана сметка на пливачката федерација!

462

Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната сметка на пливачката федерација на Македонија. Претседателот на државата Стево Пендаровски кој е главен покровител на маратонот преку соопштение ги образложи причините.

„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.

Иако состојбата е комплицирана, сепак можеби требало да се најде решение и да продолжи големата традиција на овој маратон.

ФОТО: ohridnews.com

ПретходноВулверхемптон го носи Нуњес од Спортинг Лисабон
СледноВасиљев: Ми се допадна идејата да дојдам во Битола!