Тимот на Хајдук за кој во моментов настапува нашиот Јани Атанасов во финалното квалификациско коло за конференциската луга се соочува со силен предизвик пред себе во името на шпански Виљареал. Влогот е голем, групна фаза, финасиска инјекција и Хајдук има голем мотив за да успее.
Првиот дуел се игра во Шпанија, а домаќините намерно или ненамерно на автобусот со кој што го пречека гостинот погрешно го напиша името на клубот. Хајдук или Хајдуц, очигледно во Виљареал се во дилема, а дали ова за хрватите ќе биде дополнителен мотив останува да видиме утре со почеток од 20:45.