Вардар се „распадна“ во второто полувреме, Целје е прв финалист во Струга!

908

Битката за место во финале на меѓународниот турнир во Струга му припадна на Целје кој го совлада Вардар со убедлива 36-28. Ова значи дека трофејот ќе има нов сопственик. Македонскиот тим ќе се бори за третото место на турнирот.

Очекувано мечот мина со многу промени на резултатот. Актуелниот македонски првак беше на ниво на задачата во првото полувреме, најголемата позитива во овој дел изнесуваше 10-14, па 12-15. На одморот беше 17-17.

Ракометарите на македонскиот тим се распаднаа во вториот дел, поточно од 40 минута кога противникот наметна силен ритам и поведе со 31-25 во 49 минута, со серија од 10-4. Одбраната не функционираше, а ниту во нападот не видовме некоја идеја од „црвено-црните“.

Недановски повика тајм-аут, кој вроди плод, неговите момци постигнаа три гола во низа за 31-28 во 52 минута. Иако сме навикнати на чуда од Вардар, вечерва тоа не се случи.

ПретходноСрбија ги победи нашите кадетки со 113:24
Следно„Балкан експрес“ го прегази Шкупи среде Скопје (ВИДЕО)