Надал по поразот: Му честитам на Борна, одигра подобро!

271

Борна Чориќ приреди изненадување на стартот на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати, после два часа и 51 минута го победи светскиот рекет број 3, Рафаел Надал со 7:6(9), 4:6, 6:3.

Рафаел Надал кој се надеваше дека ќе се врати на врвот на АТП листата, после 16 години е поразен од тенисер кој не е меѓу 150 најдобри.

“Очигледно е дека не го одиграв мојот најдобар натпревар. Тоа се случува. Историски гледано, секогаш сум имал тешко време на овој турнир. Се враќам после тежок период, па лесно ми е да го прифатам овој пораз. Му честитам на Борна и сакам да му кажам дека одигра подобро“, изјави Надал и додаде:

“Тешко е да се извадат многу позитивни работи од ова, но морам да се подобрам. Морам да тренирам и да се вратам подобро. Ми требаат денови на теренот, тоа е вистина. Имав шанси на почетокот на натпреварот, во тај-брејк два сет-поени. Реагирав очајно во два или три повеќе или помалку лесни потези.

Губиш, продолжуваш понатаму. Најважно ми е што сум здрав. Изминативе месец и половина не беа лесни“, заклучи третиот тенисер во светот.

ПретходноКевин Дурент има нов тим?
СледноГи одбија 70-те милиони евра на Баерн, а сега си заминува од клубот на позајмица!