Алиоски со победа дебитираше за Фенербахче (ВИДЕО)

765

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски дебитираше со победа во дресот на Фенербахче. Вечерва во првиот меч од плеј-оф колото во Лигата на Европа, турскиот великан славеше со 2:0 на гостувањето во Виена и со една нога зачекори кон групната фаза во второто по ранг европско натпреварување.

Алиоски во својот деби настап беше стартер за турскиот тим и одигра 79 минути, пред да биде заменет. Во првото полувреме популарниот Џани заработи и жолт картон.

 

Претходно„Балкан експрес“ го прегази Шкупи среде Скопје (ВИДЕО)
СледноСедлоски: Денеска не заслуживме да загубиме, не можам да честитам на противник што не бил подобар