АМС ќе го обезбеди наградниот фонд на Охридскиот маратон

348

Агенцијата за млади и спорт се вклучи во решавање на проблемот таканаречен „Охридски маратон“ и во корелација со владата ќе го организира овогодинешното јубилејно 60. издание на овој спортски настан.

„Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со македонската Влада и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот. И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“– се вели во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.

Од таму попладнево додаваат дека АМС изразила подготвеност да се приклучи во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, и тоа со обезбедување на наградниот фонд кој треба да изнесува околу 10 000 евра. Останатите средства во зависност од бројот на пливачи кои изнесуваат од 35 – 40 000 евра ги обезбедува Општина Охрид заедно со бизнис заедницата и вљубениците во градот.

Во текот на утрешниот ден директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе одржи прес конференција која што ќе се одржи токму во Охрид.
ПретходноВулверхемптон го претстави Матеус Нуњес
СледноНдомбеле пристигна во Наполи на едногодишна позајмица