Базел купи напаѓач кој дал 37 гола во 40 меча минатата сезона

567

Швајцарски Базел се засили со напаѓачот на Борусија Дортмунд Брадли Финк кој има 18 години и има импресивни настапи во младинската германска лига. Финк е јуниорски швајцарски репрезентативец, а во Дортмунд е во претходните три години.
Тој беше дел од младинските категории, а во кариерата високиот 192 сантиметри фудбалер може да се пофали со 54 гола и 17 асистенции во 71 натпревар од кои 37 гола му се од 40-те средби во минатата сезона за вториот тим на Борусија во третата германска лига.
Неофицијално, Базел за него ќе плати 800.000 евра.

ПретходноНотингем го купи и Гибс-Вајт за 35 мил.фунти
СледноКога од Јунајтед чуле што бара мајката на Рабио, веднаш избегале…