„Балкан експрес“ го прегази Шкупи среде Скопје (ВИДЕО)

1791

Нема предност за македонскиот шампион Шкупи по првиот дуел од плеј офот за Конференциската луга против претставникот од Косово, тимот на Балкани. Напротив, има домашен шок, и пораз среде Арената Тодор Проески во Скопје од 1:2 во дуел во кој противникот сосема го заслужи овој, голем огромен триумф со кој е на само чекор од влезот во групната фаза од ова европско натпреварување.
Она што требаше да биде Европска ноќ за паметење за Шкупи се претвори во кошмар затоа што противникот дојде во Скопје одигра како шо треба, се врати од негатива, поведе и сосема заслужено победи. Сега на Шкупи не му преостанува ништо освен да се надева на тотална рекуперација и рестартирање пред дуелот во Косово, и атак со сите сили на анулирање на оваа негатива од Скопје. Сака ли Шкупи да го има својот прв настап во групната фаза од едно Европско натпреварување ќе мора да се потруди далеку повеќе одколку вечерва и да се надева на малку повеќе среќа.

Одличен старт па шок и неверување

Одлично плеј оф европско прво полувреме на две екипи кои реално во овој меч гледаат историска шанса за успех. Шкупи со далеку повеќе шанси, удари и иницијатива но, по првите 45. Минути сепак немаше предност. Во 15. Минута Трапановски беше тој кој што со одлична топка во празно за Сандеј ја создаде првата сериозна ситуација на мечот но африканецот отиде премногу во линија со гол аутот па кога шутираше ударот не беше преголема закана за Љуљановиќ.

Алварез и Сандеј, тандем за водство

Во 18. Минута Шкупи ја валоризираше иницијативата. Фреди Алварез прекрасно со лева нафрлува на првата статива, а таму Сандеј со глава преку себе маестрално го измамува Љуљановиќ и ја префрла топката преку себе и погодува на „втора“. Прекрасен погодок кој на домаќинот му ја донесе таа толку посакувана предност.

Балкани се враќа веднаш

Сепак, колку и тоа во моментот да изгледаше идилично за Шкупи, сепак траеше само три минути. Одличен центаршут, низок, по земја на Тачи од десно, а на петерецот меѓу двајца дефанзивци на Шкупи прекрасно се снајде Албион Рахмани кој забива од прва во мрежата на Наумовски.

До крајот на првиот дел, Шкупи имаше два обиди. Преку Алварез односно Цефас кои и обајцата шутираа од далечина и го ставија на сериозен испит голманот на Балкани.

Красничи беше тој кој што прв се закани во вториот дел, во кој Балкани нападна нешто поагилно особено по левата страна. Седлоски промени, Трапановски и Шеји излегоа, влегоа Адем и Демири. Очигледно незадоволен од она што го гледа, домашниот стратег менуваше уште на полувреме.

Цефас промашува водство

Следуваше дотогаш најголемата шанса на овој дуел која за жал на Шкупи остана нереализирана. Цефас во 60. Минута, фантастично се ослободи не од еден туку од двајца чувари по таа негова десна страна и излезе сам косо со голманот на Балкани. Сепак, Љуљановиќ одлично затвори, Цефас шутираше но само во него. Спаси чист гол. По корнерот Сандеј имаше обид со глава, но шутираше над голот.

Кореница забива за водство на Балкани

Ужасен момент за домаќинот Шкупи во 67. Минута. Веројатно најдобриот поединец во таборот на Балкани на вечерашниот дуел Емрал Кразниќим прави дар мар по таа негова лева страна и префрлува на спротивната страна од теренот за Кореница. Ово ј поведува напад се до шеснаесетникот на Шкупи и „распалува“ под пречка за 1:2.

Шкупи не се шокираше од овој момент, веднаш тргна по израмнување. По мешаницата во противничкиот шеснаесетник топката како отпадок стигна до Цефас. Овој од линијата на шеснаесетникот, централно со сета сила бие, и кога сите ја видоа топката во голот, таа удри во гредата и се одби во поле.

Конечната шанса за Шкупи ја имаше Цефас во судиското продолжение во кое од идеална шанса од петерецот осамен со глава само тој знае како шутираше преку голот и не успеа да реализира за 2:2.

Плеј оф Лига на конференции

Шкупи (МКД) – Балкани (КОС) 1:2 (1:1)

Арена Тодор Проески

Гледачи: 6000

Стрелци: Сандеј 18 (Ш) Рахмани 23, Кореница 67 (Б)

Ж.картони: Сенхор, Наумоски

Главен судија: Иван Ори Кристијансон (Исланд)

Шкупи: Наумовски, Брдаровски, Маргвеашливи, Сенхор, Шеји (Демири 46), Путита(Горгиев 90),, Хамиди, Алварез (Данфа 67), Трапановски (Адем 46), Цефас Адетунџи

Балкани: Љуљановиќ, Тачи, Јашаница (Синани 71), Делова, Тачи, Зуба(Лукас 78), Куц, Кореница, Грипши, Рахмани (Бериша 78), Краничи

ПретходноВардар се „распадна“ во второто полувреме, Целје е прв финалист во Струга!
СледноАлиоски со победа дебитираше за Фенербахче (ВИДЕО)