Искусниот играч за врска Серхио Бускетс ќе ја напушти Барселона, а каталонскиот клуб веќе е во потрага по негова достојна замена. Иако се очекуваше Серхио да замине уште ова лето, но тој ќе остане, меѓутоа тој веќе има 34 години, а од клубот размислуваат да му најдат замена, нов играч со слични карактеристики.
Во бележникот на Чави и помошниците е 23-годишниот Мартин Зубименди кој е член на Реал Сосиедад. Тој остави добар впечаток во изминатите сезони и е незаменлива алка во тимот од Сан Себастијан.
Има договор до летото 2025 година и откупна клаузула од 60 милиони евра што во моментов е нереална за Барселона која и онака има финансиски проблеми, па не може да си ја дозволи таа сума.