Калум Хадсон Одои беше голема желба на Баерн Минхен. Баварскиот гигант му понуди на Челзи да го земе на позајмица во 2019 година со задолжителен договор за откуп од 70 милиони евра.
Премиерлигашот ја одби таа понуда. Хадсон-Одои потпиша нов петгодишен договор вреден 120.000 фунти неделно во 2019 година, но младото момче оттогаш исчезна од сцената.
Прво дојде повредата на Ахиловата пета. Тоа го остави без сериозен фудбал со месеци, а и по враќањето на теренот нема многу простор за игра, особено со Томас Тухел.
Поради ова 21-годишниот фудбалер реши да го напушти Челзи. Тој побара да оди на позајмица и клубот очигледно нема да му прави проблем.
Се очекува Хадсон-Одои да најде нов клуб до крајот на месецот. Тој најмногу се поврзува со Борусија, Њукасл и Саутемптон, а за неговите услуги наводно се распрашуваат уште најмалку 20 клубови.
Челзи не сака да го загуби овој играч иако не добива шанса, затоа го испраќа на позајмица, но сигурно жали што ја одби огромната понуда на Баерн за овој фудбалер во 2019 година.
Калум Хадсон-Одои ја помина целата своја кариера во Челзи. Во овој клуб пристигна како момче и ги помина сите младински категории.
За првиот тим дебитираше во 2017 година. Вкупно се појави 126 пати и постигна 16 гола. Вреди да се истакне дека шансите најмногу ги добиваше од клупата за резерви.