29-годишниот играч за врска на Севиља, Хесус Мануел Корона, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Мексико на Светското првенство во Катар.
Еден од главните асови на Мексико се повреди на тренинг на Севиља. Се работи за скршеница на метатарзалната коска на левата нога, а ги оштетил и лигаментите на зглобот.
Несреќата се случила практично без контакт со некој од соиграчите. Со оглед на тежината на повредата, Корона го чека пауза до почетокот на следната календарска година.