Македонскиот интернационалец Демир Имери е нов член на тимот на Атирау од Казахстан. Досегашниот член на тимот на Егнатиа од Албанија се сели во Казахстан по нова интернационална авантура, откако досега беше дел и од екипите на Влазнија, Олимпик Доњецк од Украина, Камза од Финска, Моста од Малта како и домашните Шкендија, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички и Влазерими.
Тој е поранешен македонски младински репрезентативец, а во моментов има 26. години.