Од предмалку се познати арбитрите кои ќе ја делат правдата за третото коло во тековниот ПМФЛ шампионат. На дербито кое се игра во Струмица, помеѓу екипите на Академија Пандев и Шкендија, правдата ќе ја дели нашиот интернационален судија, Игор Стојчевски.
Мечот пак кој ќе го отвори ова трето коло, оној во Ѓорче Петров в сабота од 17:00 часот помеѓу Македонија ЃП и Победа ќе го суди Јован Качевски од Струга.
20.08.2022 17:00
Македонија ЃП – Победа
Качевски Јован (Струга)
21.08.2022 17:00
Силекс – Скопје
Ѓоргиев Крумислав (Штип)
Академија Пандев – Шкендија
Стојчевски Игор (Скопје)
Струга Трим Лум – Работнички
Грујоски Александар (Кичево)
Тиквеш – Брегалница
Младеновски Марјан (Скопје)