Ница близу до потписот на Марсело

105

Француска Ница по се изгледа ќе биде новиот клуб на славниот бразилски бек, Марсело. Ница ги засилува напорите да го ангажира искусниот бразилски бек, а според добро упатени извори во Франција, управата на клубот е во преговори со агентот на 34-годишниот фудбалер кој го напушти Реал Мадрид како слободен играч по завршувањето на сезоната.

Ница не е единствената која се интересира за Марсело, бидејќи за негово купување се ангажирани и управите на Олимпик Марсеј, Монца, Лацио, Лион и некои турски тимови.

ПретходноЕ. Пелистер го потврди потписот и на Тунижанецот Суси
СледноСрбија ги победи нашите кадетки со 113:24