Нотингем го купи и Гибс-Вајт за 35 мил.фунти

196

Повратникот Нотингем Форест сака да биде стандарден премиерлигаш, па дури и да атакува на излез во Европа поради што во текот на летниот преоден рок ангажира многу фудбалери. Денеска го договорија 16-тиот нов фудбалер и клубот е втор најголем трошаџија ова лето!
Нов фудбалер на „шумарите“ е Морган Гибс-Вајт кој доаѓа од Вулверхемптон, а за него сумата што ќе ја платат ќе достигне до 44,5 милиони фунти поточно 35 милиони фунти фиксно плус бонуси доколку бидат исполнети некои ставки од договорот.

Се работи за 22-годишен офанзивен играч за врска, младински англиски репрезентативец кој изминатите две сезони играше на позајмици во Свонси и Шефилд Јунајтед.

Ова лето Нотингем го засилија уште Ремо Фројлер, Авонији, Неко Вилијамс, Орел Мангала, Муса Ниакате, Жилиен Бјанконе, Омар Ричардс, Луис О’Брајан, Хари Тофоло, Агулера, Џеси Лингард, Вејн Хенеси и Дин Хендерсон.

ПретходноЧелзи денеска со официјална понуда за Обамејанг
СледноБазел купи напаѓач кој дал 37 гола во 40 меча минатата сезона